Двата модели на Peugeot го импресионираа меѓународното жири со нивните спортски надворешни линии и извонредната изработка. Францускиот производител, Red Dot наградата за дизајн ја освојува по шести пат.
Хаико ван дер Луит, управен директор на „Пежо Германија“, коментира: горди сме што ја добивме посакуваната награда за дизајн, Red Dot во категоријата Дизајн на производи, и тоа за двата наши нови модели.
Ова обезбедува дополнителен доказ дека со нашиот ДНК дизајнерскиот јазик, чекориме по вистинскиот пат.
Да секако, со впечатливиот надворешен дизајн, новиот Peugeot 208 е одраз на повисокото позиционирање на брендот.
Новиот модел за прв пат во класата внесува: дигитален кластер на инструменти со 3D приказ.
Достапно е како стандард функција од ниво на опрема Allure, па нагоре и претставува дел од Peugeot 3D i-Cockpit®, кој исто така содржи спортски, засечен управувач и 10-инчен мултифункционален екран кој се командува на допир.
Новиот Peugeot 2008 го импресионираше жирито со своите вертикални предни LED дневни светла, што го дефинираат новиот дизајнерски јазик на брендот.
Задниот дел може да се пофали со хоризонтална, сјајно-црна лента која ги интегрира LED задните светла во облик на три канџи.
Eлектрични верзии на Новиот Peugeot 208 и новиот Peugeot 2008 исто така се достапни.
Суптилните и ексклузивни елементи на дизајнот дискретно ги најавуваат промените на погонот кај новите Peugeot е-208 и e-2008 во однос на церзиите со класични мотори: решетката на радијаторот одговара на бојата на шасијата, а амблемот „Лав“ ја менува бојата во зависност од положбата на возилото.
тескт: Агрон Сулејман
фото: Peugeot