СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Hyundai i20N: моќен настап во разретчената конкуренција

 

Свежо претставениот Hyundai i20, при крајот на годината со спортска изведеница ќе се придружи на спортското „N“семејство. На нишан веќе е ставен етаблираната Ford Fiesta ST.

По успесите во светскиот Rally (WRC) шампионат, беше само прашање на време кога серискиот i20 ќе почне да се кити со перјето на прославениот спортист.

Всушност во Hyundai се чекаше премиерниот настапот на новата генерација на суб-компактот, i20.

Конструкторите не губеа време. Веќе е најавен спортистот кој ќе се придружи на „N“семејството. Тој би требало во салоните да се појави кон крајот на годината.

Инаку, условите воопшто не им одат во прилог на спортските изведеници на големо-сериските модели. Причината е банална – спортистите знаат да попијат неколку литра повеќе од своите помирни браќа.

А тоа воопшто не е во склад со (пре)строгите еколошки норми кои го мерат просекот на целата гама производи, а прекорачувањето на CO2 емисијата од 95 gr/km воопшто не е исплатива авантура.

Тоа е причината за ракинување на  традицијата и збогување со Volkswagen Polo GTI, Cupra Ibiza, и Renault Clio. Од друга страна Hyundai има доволно хибридни и електрични модел во сериска понуда, па може да си дозволи луксуз да претстави мала, брза и забавна играчка.

Со голема сигурност може да се претпостави дека во Hyundai i20N ќе чука познато срце. Бензинецот од 1.6 литри и турбо полнач веже е докажан и во поголемите брендовски модели, па неговите 200+ коњи би биле солидна основа за ветувачки перформанси.

Колку за споредба, Veloster Turbo со идентичен мотор забрзува за 6.5 секунди и се залетува до максимални 225 км/ч. Hyundai i20N ќе биде полесен од него, па очекувано ќе постигнува и подобри резултати.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV