СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Новиот Volvo XC90 пристигнува следната година

 

Најновите информации од Volvo велат дека третата генерација на XC90 во продажба може да се очекува во текот на 2022 година.

Швеѓаните го потврдија прогресот во развојот на големиот SUV поставен на SPA2 платформата која ќе ја замени сегашната архитектура која за прв пат се појави токму кај него во 2014 година и на која се поставени сите поголеми модели на марката, вклучувајќи го и Polestar 1.

Идниот целосно електричен XC90 дизајнерски гледано ќе се одликува со еволутивен пристап, ентериерот ќе биде попростран и помодерен а технологиите вградени во него од најновата ризница на Volvo.

Се споменуваат најнапредни системи за асистенција на возачот поддржани од LIDAR, како и Highway Pilot систем кој ќе овозможи автономно возење на автопатиштата.

Како што од порано беше најавено овој модел ќе нема изведби со класични мотори, а покрај стандардниот модел Volvo по сé изгледа ќе подготви и негова купе верзија, веројатно означена како XC100.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV