СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Новиот Kia Ceed понуден со нов мотор и збогатена опрема

 

Со нов трицилиндерски мотор од 120 КС и со богата Black Pack опрема, новиот Ceed е веќе достапен во салоните на Kia по акциска цена од 15.990 евра.

Беше само прашање на време кога гамата на популарниот корејски компакт ќе го добие новиот 1.0 T-GDi мотор.

120 КС искомбинирани со опрема од Black Pack – едицијата, на новиот Ceed ќе му овозможат нови перспективи.

Сега, познатиот трицилиндерски мотор од 998 ccm кој го познаваме од поновите модели на марката, ќе работи и под хаубата на новиот Ceed.

Ако само ги погледнеме кратенките со кои тој е опишан ќе стане очигледно дека сите современи достигнувања кои со себе ги носат директното вбризгување, турбо технологијата и вградувањето по четири вентили на секој цилиндар, се инкорпорирани на едно место.

Да, некаде во развиениот свет исполнувањето на најновите Euro 6d Temp стандарди носат и разни финансиски бенефиции за сопственикот, но ниското ниво на емисија на штетни гасови, кај нас е оставено само на совеста на корисниците.

Во понудата на домашниот увозник, новиот мотор е искомбиниран со повисоко, Black Pack ниво на опременост и затоа слободно можеме да заклучиме дека станува за збор за мудро осмислен пакет кој акциски се нуди по цена од 15.990 евра.

Фер и коректна понуда за која сметаме дека ќе успее да го привлече вниманието на широк круг интересенти.

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг