СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Новата Opel Zafira доаѓа со драматично зголеми транспортни капацитети

 

Четвртата генерација на Opel Zafira, во Life изведба може да се добие во три големини а уште од најкратката изведба способна е да понесе до 9 патници.

Дваесет години по успехот започнат со првата генерација, приказната продолжува со новиот модел од четвртата генерација.

Opel Zafira Life е забавен за возење, и удобно MPV што германскиот производител на автомобили ќе го понуди во три должини, а сé според потребите на корисниците: 4.60, 4.95 и 5.30 метри – од кои секоја доаѓа со најмногу по девет седишта.

Најдолгата “L” верзија е околу 65 см подолга од основниот модел и затоа е речиси исто толку голема колку и Vivaro Combi. Zafira Life на тој начин покрива до три сегменти на возила и претставува нов репер меѓу MPV возилата со повеќе седишта.

Новиот Opel MPV има бројни системи за помош на возачот. Камерата и радарот го набљудуваат просторот пред возилото.

Системот дури ги препознава и пешаците кои го минуваат патот и можат да иницира маневар за сопирање при брзина до 30 км/ч.

Интелигентниот круз контрол ја прилагодува брзината со онаа на возилото напред, автоматски забавува и може да ја намали брзината до 20 км/ч, доколку е потребно.

Возење во сопствената лента и предупредување за сонливост го предупредуваат возачите ако помине предолго зад управувачот и му треба пауза. Помошта со долго светло, која автоматски се префрлува на долго или средно светло, се активира над 25 км/ч. Исто така уникатен во овој пазарен сегмент е хед-ап дисплејот во боја кој покажува брзина, растојание до возило напред и навигација.

Добрата видливост е особено важна кај поголемите возила, на пример во тесни улички или кога се врти во урбаните средини.

Радарските сензори во предниот и задниот браник го предупредуваат возачот на пречки од секаков вид при паркирање.

Сликата од камерата од задната страна е прикажана на внатрешниот ретровизор или на 7,0-инчниот екран – вториот со видливост од 180 степени од птичја перспектива.

Opel Zafira Life ќе ја има светската премиера на саемот во Брисел на 18 јануари 2019 година (деновите за посетители се од 19 до 27 јануари 2019 година), додека нарачките ќе почне да се примаат од февруари.

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV