СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Новата Opel Corsa е прогласена за “Company Car Of The Year”

Читателите на Auto Bild го избраа компанискиот автомобил на годината по втор пат. Избираа од возила во седум категории, од мали и компактни автомобили до луксузни автомобили и плаг ин хибриди.

Техничар, курир или извршен директор – сите видови на професии возат автомобили што им се доделени од компанијата. Но, кој е најдобриот?

Auto Bild го постави ова прашање и читателите на списанието одговориле: новата Opel Corsa. „Малиот“ Германец е изгласан за „Компаниски автомобил на годината“ во категоријата на мали автомобили.

Ова е прва награда од некој медиум која ја освои шестата генерација на Corsa, која беше претставена на меѓународниот автомобилски саем ИАА Франкфурт во септември.

„Заедно со Astra, моделот Corsa е нашиот најважен модел во Европа“, рече Харалд Хампрехт, потпретседател за комуникацијата на Opel на доделувањето на наградата „Компаниски автомобил на годината“ во Берлин. „ Opel ја прави достапна мобилноста веќе 120 години.

Ние ги правиме пионерските технологии достапни за секого. Тоа е она за што се залагаме, тоа е она што се залага и новата Corsa, а нашите клиенти го ценат тоа – особено во областа на компаниите“.

Автомобил за милиони луѓе уште од 1982 година

Во зависност од верзијата, Opel Corsa (која собра 22 % од гласовите за „Компаниски автомобил на годината“) е идеална за поединци и двојки, како и за возачи на автомобили во рамките на компанијата и за семејства. Околу 14 милиони единици произведени за 37 години го докажуваат тоа.

Corsa за прв пат се приклучи во понудата позициониран под моделот Kadett во 1982 година. Corsa А, која првично беше замислена за купувачи кои прв пат купуваат возило и за оние со економичен буџет, стана бестселер, достигнувајќи продажба од 3.1 милиони до 1993 година.

Шестата генерација на практичната, стилска и динамична Corsa ја имаше својата премиера на меѓународниот автомобилски саем ИАА Франкфурт во септември 2019 година. За прв пат е достапна и целосно електрична верзија. Corsa-e е идеално опремена и за секојдневно возење.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот