СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Peugeot 208: Потрес во „Б“ сегментот

Втората генерација на Peugeot 208 привлекува со современ изглед, одлично организирана внатрешност, палета од бензински и дизел мотори, и за прв пат заедно со целосно електрична верзија.

Новиот 208 ќе привлекува погледи. Ништо ново за еден Peugeot, би рекле. Поентата е што новата генерација за прв пат ќе дели стилски елементи со за два броја поголемиот 508, кој одлично поминува во јавноста.

За заслужување на технолошките епитети тука е палетата од бензиски и дизел мотори. Но, одлуката истовремено да биде претставена и целосно електрична верзија е прилично храбра и визионерска.

Во период кога најголемиот број производители се одлучуваат преминот од класични кон електрични погони да го премостат со хибридни решенија, Peugeot тоа го прави директно.

Во технолошкот поход друштво му прават групациските Opel (со новата Corsa) и DS (со 3 Crossback) со што финансискиот напор некулкукратно се редуцира.

Бизнис моментот најмалку ќе ги интересира купувачите на е-208 кој со едно полнење на батериите ќе може да помине до 340 километри.

Батериите од новата генерација, до 80% од капацитетот, ќе може да се наполнат за половина час.

Лубителите на класиката ќе може да бираат помеѓу добро познатите трицилиндрични бензинци (1.2 литри) кои сега можат да бидат во варијанти со 70, 100 или 130 КС. Тука е и еколошки упристоенит дизел кој од 1.5 литри испорачува рамно 100 КС.

Дали треба посебно да се истакне дека сите мотори ги исполнуваат најновите Euro 6d Temp норми, и тоа мерено според новите WLTP процедури. Осум-степенската автоматска трансмисија (се нуди како опција) за прв пат се сретнува во оваа класа.

Peugeot 208 (II) е изграден врз корпорациската CMP (Common Modular Platform) платформа, со должина која сега достигнува 402 cm и багажник кој собира 270 литри.

Од дизајнерските елементи највпечатливи се двете предни светла во форма на сабји како и визуелно споените групи на светла во задниот дел.

Внатрешноста е во карактеристична формација за Peugeot со управувач кој е сместен пониско од таблата со инструменти.

Токму таа табла е со тридимензионален приказ, што исто така претставува премиера во „Б“ сегментот, воопшто!

За тајмингот на настап нашиот пазар како и за цените ќе мора да попричекаме на службени информации од домашниот увозник.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот