СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Новата Honda HR-V на 18 февруари

 

Точно за еден месец Honda ќе ја претстави новата генерација на помалиот свој кросовер H-RV.

Во кратката вест се вели дека согласно мисијата на Honda до 2022-рата да се електрифицираат главните модели во Европа, и H-RV ќе ја има e:HEV хибридната технологија.

Таа се состои од два мотора, бензински и електромотор кои го задвижуваат возилото на иновативен начин, комбинирајќи висока ефикасност со единствени перформанси за забава во возењето.

При мали брзини работи само електромоторот, додека кога треба повеќе сила се вклучува и бензинскиот но тој само произведува струја, не го движи возилото.

Дури при поголеми брзини на отворен пат бензинскиот мотор преку директна спојка без менувач се поврзува со тркалата и служи за погон, додека електромоторот работи како генератор и ги полни батериите.

Honda за овој модел кој за Европа и САД се произведува во Мексико не објави детали околу техничките податоци на e:HEV системот, кој во Jazz располага со 109 KS.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот