СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Ние и таксистите

 

Како се однесуваат таксистите во сообраќајот и дали имаме доволно разбирање за нивната професија.

Претекнуваат од десна страна, се престројуваат во последен момен, на исклучување од крстосници возат паралелно, понекогаш застануваат на места каде и баш не е нормално, …

Да, тоа е типично однесување на такси возачите, и тоа не само кај нас. Со мали варијации, речиси така е насекаде во светот.

Тоа се луѓето кои зад воланот, низ густиот урбан сообраќај, секојдневно го поминуваат своето работно време. Во најголем дел од времето, градскиот метеж е „природната средина“ низ која се движат.

Такси-однесување во сообраќајот често знае да иритира. Додека чекате во долгата колона, такси возилото ќе ги претекне сите и ќе се „нацрта“ прв пред линијата. Ако е за утеха слично се однесуваат и голем број „цивилни“ возачи.

Реакцијата на „обичните“ резигнирани возачи тогаш знае дури да биде и агресивна. Германците при такви ситуации најчесто само одмавнуваат со рака велејќи: ах нека, тоа е такси возач! Добро, ние бидејќи не сме германци, знаеме малку и пожестоко да реагираме.

Од перспектива на токму тој такси возач, работите добиваат малку поинаква димензија. Тие постојат за да им обезбедат на своите клиенти безбеден, и пред се, брз превоз.

Во исполнување на својата професионална задача таксистите се соочуваат со сите категории возачи: од идните возачи кои поминуваат низ обуки во автошколите, преку тие кои зад воланот седнуваат ретко, па се до корисниците кои автомобилот го употребуваат секојдневно.

И сега замислете го човекот кој си ја обезбедува егзистенцијата како таксист, како трпеливо чека на расчистување на некоја “згужвана“ ситуација.

Па него и неговата компанија, клинетите веднаш ќе ги избришат од имениците на своите телефони.

До каде може да оди прифатливото однесување на таксистите? Ова прашање звучи прилично разумно.

Од една страна тоа би требало да биде почитувањето на сообраќајните правила и прописи, а горниот лимит би требало да е разумната доза на агресивност која не ја загрозува безбедноста на останатите.

Од друга страна мора да стои кодескот на однесување на останатите учесници во сообраќајот, при што толерирањето и давањето предност би требало да преминат во вообичаена практика.

Тие се дел од јавниот превоз и сите ние би требало да им обезбедиме услови за тоа. Во некои западни држави (на пр. Швајцарија) за автобускиот градски превоз и такси возилата се обезбедени посебни ленти (обично крајната десна) по која останатата „раја“ не смее ниту да помисли да движи.

Ние сме сеуште далеку од примена на таквите решенија, но сепак, непишаните правила, а и елементарното цивилизациско однесување, налагаат да им се даде предност.

Кога ќе се погледне состојбата одблизу, се чини дека со взаемно разбирање, во кое со такси возилата не би требало да се докажуваме околу правото за предимство, а тие малку повнимателно би погледнале дали се адекватно третирани, би се избегнале непотребните нервози.

 

текст: Агрон Сулејман

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг