СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Не се радувајте предвреме – горивата ќе поскапат 3 денари

 

Заради престанувањето на важноста на уредбата со законска сила со која владата ги зголеми акцизите на горивата, нивната цена се намали за 2 денари, но не се радувајте предвреме – тие многу бргу ќе поскапат за 3 денари.

Имено, со оваа уредба донесена во април беше предвидена дополнителна акциза во висина од 3 односно 2 денари за литар во зависност од берзанската цена на дериватите – до 390 и меѓу 390 и 590 долари за тон бензин и за 10 долари повеќе од тоа за тон дизел.

Беше предвидено таа да се применува за време на траењето на вонредната состојба и седум месеци после тоа, кои истекоа токму сега, заради што и регулаторната комисија за енергетика ги намали цените на горивата за 2 денари.

Сепак, на почетокот на месецов владата поднесе предлог за измена на законот за акцизите со кои не само што оваа уредба од привремена требаше да стане трајна, туку тие и дополнително да се зголемат.

Предлогот како 19 точка на дневниот требаше да биде разгледан од Собранието на седницата закажана за минатиот понеделник, која заради немање кворум не се одржа, така што по сила на законот акцизите мораа да се вратат на старо.

Но кај и да е, еден ден кој сигурно ќе дојде доста бргу, тој ќе биде усвоен, со што акцизите на горивата ќе се зголемат и ќе изнесуваат за бензините 22 место сегашните 21,692 денари, а за дизелот 15,50 место 15,121 денари, плус дополнителните 3 односно 2 денари.

Бидејќи во крајната математика за пресметка на цените на горивата се додава и ддв во висина од 18 отсто, тоа значи дека горивата наскоро ќе поскапат за 3 денари, се рабира, според сегашните берзански цени на дериватите.

Дотогаш ќе се возиме поевтино.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг