СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Не расправајте се никогаш со полицајците!

 

Или како една казна од 20 евра нарасна на 14.220?

Еден навидум банален прекршок ќе влезе во историјата како најскап што воопшто се случил. Имено, еден камионџија од нему познати причини се паркирал на велосипедска патека во германскиот град Бохум, блокирајќи ја во целост.

Но, наишла полициска патрола која му напишала казна од 20 евра и му наложила да се тргне. Место да го стори тоа, 57-годишниот возач на камионот почнал гласно да негодува и да се расправа.

Ситуацијата толку ескалирала што полицајците изнервирани од неговото однесување решиле да му го проверат возилото и тахографот.

А таму имале што да видат. Во последните 28 дена тој направил едно чудо прекршоци. Скоро секојдневно возел подолго време од пропишаното и без задолжителните паузи за одмор, а дозволеното ограничување на брзината го надминувал каде стигал и колку стигал.

Кога на крај сé му собрале, дошле до казна од 14.200 евра, плус оние 20 за непрописното паркирање.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV