СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Toyota повторно е на светскиот престол

 

Според официјалните бројки кои денес ги објави Toyota, со продадени 9,53 милиони возила тие се број еден производител во светот.

Пред некој ден ги објавивме неслужбените податоци за продажбата на автомобили и лесни комерцијални возила за 2020 година. Со денешните службени резултати сепак на врвот имаме рокада – Toyota го надмина Volkswagen.

За автомобилските производители ланската година беше една од најтешките во последните неколку децении.

Пандемијата влијаеше на процесот на производството но и на побарувачката на нови возила.

Заради тоа нормално беше да се очекува одреден пад на производството.

Во отежнатите услови се чини најдобро се снајде јапонскиот гигант која после пет години повторно се врати на самиот врв.

Според службените резултати Toyota, 2020-тата година ја заврши со продадени 9,53 милиони единици со што за 220 илјади примероци ја надмина Volkswagen групацијата која досега лубоморно го држеше светскиот врв.

Инаку и двете најголеми групации лани бележат пад од 14,5% (VW) односно 11,3% (Toyota).

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV