СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Совети

Не дозоволувајте вашиот автомобил да падне во погрешни раце

 

Со менаџерот за постпродажба на Renault и Nissan, Тодор Димовски разговаравме за редовните прегледи и сервиси на возилата од програмата која ја застапува домашниот увозник „Аутомотив Груп“.

Бројни совети за оддржување и сервисирање на возилата доаѓаат, поготово од специјализираните медиуми, за редовни прегледи и оддржување на нашите лимени лубимци.

Поготово тоа се случува пред сезоната на годишни одмори каде што занемарувањето на состојбата на возилото, во најбезболен случај, може видно да ни го расипе расположението. Во посериозни случаи тоа невнимание може да не чини солидна сума на пари, додека кога станува збор за состојбата на безбедносните системи, тоа може да го загрози нашето но и туѓото здравје.

Ai: Како да се избегнат овие несакани состојби? Тоа е првото прашање кое го упатуваме кон Тодор Димовски, најодоговорниот за постпродажба на возилата Renault и Nissan.

ТД: Во потполност ќе се сложам со констатацијата дека возилата треба редовно да се сервисираат, а што е не помалку важно, и редовно да се прегледува состојбата на бројните системи. Последново поготово е важно при планирање на подолги семејни патувања како што се и годишните одмори.

Ai: Но мора да констатираме дека листата на проверка кај современите возила е прилично долга.

ТД: За помалку упатените, кои патем речено се и најбројна група корисници, навистина листата на проверки што треба да се направи е прилично долга и уште на прв поглед предизвикува чувство на обемност и сложеност. Би истакнал – и со право.

Проверката на сите течности (маслото во моторот, течноста на сопирачките, на системот за ладење, на аклумулаторт, на бришачите), потоа притисокот на пневматиците, … и тоа како знаат да претставуваат баук за многу корисници.

Ai: На оваа констатација природно за надоврзува прашањето, кое е чарето?

ТД: Одговорот е прилично едноставен, поготово кога станува збор за марките автомобили кои ние ги застапуваме.

Тоа е редовното сервисирање на возилото, при што ние најпрвин ги вршите сите прегледи, па потоа преминуваме кон сервисирањето, така да корисникот добива целосна улуга ослободувајќи се притоа од било каква обврска околу ипсравноста на неговиот автомобил.

Ai: Би било интересно од најкомпентно место да дознаеме што вие предлагате?

ТД: Нашиот сервисен центар има изготвено конкретни пакети на услуги за секој модел. Грубата поделба би ја направиле со класификација на „основен“ и „голем сервис“при што во големиот сервис освен промената на масло вршиме и комплетна промена на сите филтри. Посебно би истакнал дека за промена на сетот ребрасти ремени, ПК ременот како и на водната пумпа, исто  како и за промена на плочките за сопирање, корисниците имаат можност за плаќање на 12 месечни рати.

Ai: Со каков квалитет се заменските делови кои вие ги користите?

ТД: Мислам дека е повеќе од јасно – ние користиме исклучиво оригинални делови кои се користат и за прво вградување. Тоа е позиција која ја прави основната разлика помеѓу нашиот сервис и многубројните останати сервисери. Всушност на сите извршени услуги ние даваме и адекватна гаранција.

Ai: За цените на пакетите кои ги нуди вашиот сервисен центар ќе проговориме во некоја наредна прилика, но која би била вашата препорака околу подготовката на возилата за тие корисници кои сеуште не отпатувале на некоја годишноодморска дестинација?

ТД: Посебна препорака не би пратил. Едноставно, закажете редовен сервис, донесето го возилото, а останатото препуштете им го на нашите  професионалци! Што е најважно, не дозволувајте вашиот автомобил да падне во погрешни раце.

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Совети