СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Нешто сосема поинакво
[видео и фото галерија]

 

За Иран слушаме само лоши вести, но во земјата со 86 милиони жители има и други работи освен нуклеарни активности.

Иронично, но токму тие се причината за настанувањето на овој модел наречен Tara, кој е производ на компанијата Iran Khodro, која пазарно настапува под акронимот IKCO.

Во основа се работи за тамошна верзија на Peugeot 301, настаната како резултат на санкциите заради нуклеарните активности.

Имено, кога беше постигнат нуклеарниот договор, Iran Khodro и Peugeot се договорија за заедничко производство на 208, 2008 и 301 за домашниот пазар.

Но кога санкциите се вратија Французите беа принудени да се повлечат од земјата, а Иранците да ги модификуваат веќе најавените возила.

Така настана моделот Tara, долг 4,52 метри, со меѓуоскино растојание од 2,66 метри и багажник од 506 литри, поставен на модификувана верзија на PSA PF1 платформата.

Задвижуван е од 1,6 литарски бензинец со 113 KS, а менувачот е петстепен мануелен или шестстепен автоматски.

Со оглед од каде доаѓа, опременоста му е завидна – ESP, задна камера, 7-инчен мултимедиски систем, надгледување на притисокот на воздухот во пневматиците и друго.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот