СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Казна од 209.000 швајцарски франци за брзо возење

 

Некаде во светот постојат и други, малку поинакви критериуми од нашите според кои се одмеруваат казните за оние кои ги кршат сообраќајните правила.

Така е на пример во Швајцарија, од каде доаѓа вест за изречена казна за брзо возење во висина од неверојатни 209.000 франци.

Со неа може да се „пофали“ една жена чиј идентитет не е објавен, за разлика од висината на казната за прекршокот што го има направено.

А тој ни оддалеку не е како што покажува сликата – таа низ едно село каде брзината е ограничена на 50 има возено 93 km/h.

Но ако според нашите закони за ова следува глоба од високи 300 евра, во Швајцарија таа е уште повисока бидејќи се одредува според примањата и имотот на прекршителот.

Врз основа на тоа, обвинителството има побарано казна од 340 илјади франци, која после жалбата е намалена на половина.

Арно ама, брзата милионерка од Цирих веќе од порано имала две условни казни кои со оваа автоматски се активирале, така што вкупниот цех за нејзиното брзање на крај се искачил на 209.000 франци.

Ако е за памет, доволно е.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот