СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Неизвесна иднина за автомобилскиот проект на Apple  

 

Според бројни извештаи од добро упатени извори, Apple отпушта 119 вработени од авојот автомобилски проект познат како Titan.

Амбициозниот проект на Apple за конструирање на сопствен автономен автомобил навлегува во критична фаза. Минататa година на местото заменик претседател за специјални проекти повторно се врати Даг Филд кој извесно време помина на врвни позиции во Tesla.

И кога сите очекуваа повторно да заживее проектот Titan доаѓа веста за отпуштање на 119 вработени. Помеѓу нив се најдоа 38 менаџери за инженеринг, 33 хардверски инженери, 31 специјалисти за дизајн и 22 софтверски инженери.

Ова воопшто не е добар знак за ентузијастите кои очекуваа револуционерен автомобил со автономно управување. Очигледно дека светскиот успех во една област како што е комјутерската и индустријата на мобилни телефоно, воопшто не мора да гарантира успех во други индустриски гранки. Тоа поготово важи за автомобилската индустрија.

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV