СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Незадоволен Финец со 30 килограми динамит разнесе Tesla Model S [видео]

 

Сите велат електричните возила биле поевтини за одржување, што е точно но не секогаш.

Еден Финец на најнепријатниот можен начин се увери во тоа купувајќи на старо Tesla Model S од 2013 година, кој само после 1.500 поминати километри го разочарал.

На почетокот биле само разни предупредувања на инструмент таблата, по што тој го однел автомобилот на проверка во овластен сервис.

А од таму, откако поминал цел месец, му кажале дека за да се реши проблемот мора да се замени целиот пакет батерии, што ќе го чини најмалку 20.000 евра.

Така, младиот Финец одлучил дека му е поевтино да купи 30 килограми динамит и да го разнесе автомобилот на кој многу му се радувал.

Погледнете ја неговата приказна.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV