СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Електричниот Nio ET5 има автономија од 1.000 km [видео]

 

Кому му треба дизел? Кинескиот Nio се подготвува за производство на моделот ET5 со батерии од 150 kWh и автономија од 1.000 km.

Нема повеќе изговори во стилот дека електричните автомобили се само за град – пред аргументите на Nio ET5 сите такви паѓаат во вода.

Кинезите ќе го лансираат на домашниот пазар во септември идната година, а кога и остатокот од светот ќе може се увери во неговите можности ќе дознаеме дополнително.

Ќе биде опремен со три типа батерии – од 75, 100 и 150 kWh со кои ќе има автономија од 550, 700 или 1.000 километри со едно полнење.

Постои можност и за замена на празните батерии со полни, за што Nio веќе развива мрежа станици во својата земја а планира и надвор од неа.

Димензиски (но и според изгледот) е конкурент на Tesla Model 3, но според цената е поскап од него – таа во Кина изнесува над 50 илјади долари.

Внатрешноста е исполнета со висококвалитетни материјали, а долг е пописот на системите за помош на возачот, вклучувајќи и функции за автономно возење.

Како бренд, Nio од идната година ќе биде присутен во Германија, Норвешка, Данска, Холандија и Шведска, а до 2025-та во вкупно 25 европски земји.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV