СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Најмалиот SUV на Hyundai ќе се вика, Venue

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: HyundaiVenue not found

 

На New York Autoshow, Hyundai го претстави Venue, влезниот SUV во својата гама. Venue ќе се продава глобална а на пазарот се очекува во чевртиот квартал од годинава.

Hyundai ја збогатува својата SUV-гама со Venue, целосно нов модел кој ќе се позиционира под големината на Kona.

Тоа е одлична вест за купувачите кои ќе посакаат мултинаменско суб-компактно возило со SUV пропорции. Со должина која не надминува четири метра, Venue директно цели кон Ford Ecosport кој се смета за родоначелник на класата, но и кон штотуку претставениот Volkswagen T-Cross.

Судејќи според првичните информации лиферувани од производителот, Venue има сопствен визуелен идентите кој и покрај брендовските карактерни црти успева да се оддалечи од, за скалило поголемата, Kona.

Иако замислен како влезен модел во SUV/Crossover класата, сепак Venue може да се пофали со безбедносна опрема и конективност кој е стандард за повисоките класи.

За придвижување на новиот модел, Hyundai предлага по еден бензинец и дизел со големина од по 1.4 литри. бензинецот развива 100, додека дизелот испорачува 90 КС.

За американскиот пазар предвиден е 1.6 литарски бензинец со директно вбризгување, но не се исклучува можноста на сите пазари да биде испорачуван и малиот турбо бензинец со 120 КС.

Сите мотори можат да бидат поврзани со мануелна трансмисија со шест или пак автоматик со исто така шест степени на пренос.

Како замена за можноста на вградување на интегрален погон, Hyundai предлага селектор на распределба на вртежниот момент, кој на предната оска испорачува силина спрема одредениот мод.

За паметно искористениот простор, но и за мултифункционалноста говори багажниот простор кој од основните 529 литри, со соборување на задните седишта може да се зголеми до 903 литри.

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот