СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Нашите сообраќајни различности

 

Македонија е држава составена од диверзитети кои се одразуваат речиси на сите области од заедничкото живеење. Прашањето кое тука го поставуваме гласи: дали постојат разлики во сообраќајните навики условени од националната припадност?

Посветеноста на сообраќајната полиција за воведување ред во сообраќајот е повеќе од очигледна. Присутноста на сообраќајците на терен веќе дава конкретни резултати кои се и повеќе од охрабрувачки.

Интересно би било да се разгледа структурата на тие девијантни појави од аспект на националната припадност на прекршителите.

Намерата не е предизвикување на некакви непотребни тензии, туку едноставно да дадam свој придонес во елиминирање на опасното однесување во сообраќајот.

Без длабински анализи, неколку факти веќе подолго време важат како константа која го одбележува нашето сообраќајно живеење.

Граѓаните на државата од Македонска националност, претежно прават прекршоци кои се поврзани со возење под дејство на алкохол. Беспримерното однесување најчесто го решаваа преку интервенции кај локалните влијателни пријатели.

Ако прогледувањето низ прсти со образложение „наши сме“ не вршеше доволно работа, тогаш на сцена стапуваше повисокото ниво на интервенционизам – кинењето пријави!

Од друга страна имаме карактеристики на возачите од Албанската припадност кои во принцип на употребуваат алкохол, но никако не можат да се пофалат со почитување на прописите и законските одредби.

Објаснувањето за ова однесување најчесто се бара во вистината дека тие во минатото воглавно функционирале вон системот, па прилагодувањето на актуелната состојба се одвива со многу бавен ритам.

Во „санирање“ на направените прекршоци најчесто го користеа познатото Балканско хоби – нудење рушвет!

Припадниците на останатите националности се сместени помеѓу опишаната состојба на двете најголеми заедници во државата, па затоа повеќе зависи од индивидуалните карактери на учесниците отколку што би можеле да се сведат под некој заеднички показател.

И двата случаја на карактеристично однесувања се во директна корелација со полициските службеници. Надминувањето на оваа перцепција зависи исклучиво од одговорните структури задолжени за сообраќајната безбедност во државата. Притоа, личниот пример заедно со неселективното однесување многу би помогнале.

Ако приметивте, почитувани, говорам во минато време, со искрена надеж дека овие стереотипи веќе припаѓаат на минатото.

Без претензии за поставување на точна дијагноза, туку со искрена желба да се искаже сопствена опсервација за однесувањето во сообраќајот, во овој краток напис се осврнувам само на еден аспект на генералните карактеристики.

Секако дека освен националниот постојат и низа други фактори кои директно влијаат на безбедното однесување во сообраќајот – индивидуалното ниво на совесност и одговорност, инфраструктурата, користениот возен парк, … – кои влијаат на однесувањето на учесниците во сообраќајот. Но за нивната меѓусебна испреплетеност, во некоја друга прилика.

 

 

 

текст: Агрон Сулејман

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг