СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Наше мислење

Наскоро автомобилите ќе одлучуваат кого да убијат!

 

Не сме се нашле сите во таква ситуација и не дај боже да се најдеме, ама реалност во сообраќајот е дека во еден момент мора да се одлучи што да се прави.

Тоа најчесто не е толку опасна ситуација, но која може да биде и прашање кој понатаму ќе живее. А додека никој нас на возачки испит не нé прашал такво нешто, тоа е примарното што се поставува пред вештачката интелигенција кај автономните автомобили.

Нормално, ако сакаме таа да заживее во реалниот свет. И тука започнуваат (а засега и завршуваат) сите дилеми – не може една машина да одлучува кој ќе (пре)живее, а кој не.

Да бидеме на јасно – истото важи и за возачите, ама тие постфестум се подложени на судски процеси кои ќе дадат одговор кој и дали некој згрешил, кои за крајна цел имаат сите да извлечеме поука.

Ваков одговор кај автономните возила едноставно нема смисла, заради што човекот пред да дозволи тие да одлучуваат за неговиот живот, мора да биде начисто – дали ќе им верува или не.

Општо кажано, можноста за грешки кај вештачката интелигенција (или кај технологиите блиску до неа) се многу помали. Но, никој од нас не верува во тоа.

Тоа и не може да се гледа како проблем бидејќи како резултат ќе изроди поквалитетни (читај: побезбедни) решенија, ама во моментов е сериозна кочница за развојот на автономните возила.

Етичката дилема очигледно ќе потрае, но едно е јасно – на човекот му се дозволени грешки, а на машината не.

Тоа значи дека во развојот на автономните возила мора да се вложат многу повеќе напори, средства и време отколку што било кој од нас може да замисли.

И не само тоа – кога ќе дојде време, најголемата пречка нема да бидат технологиите туку законската регулатива, која, нормално, ја донесува човекот.

Ние само уште би кажале – да сме живи дотогаш!

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Наше мислење