СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Кој е кој во Германија?

На германските патишта се движат скоро 48 милиони автомобили, но кои се најчести?

Сојузната канцеларија за моторни возила KBA неодамна објави нов извештај за најзастапените марки и модели автомобили во Германија, во кој и има, и нема изненадувања.

Сите добро знаеме дека на првото место неприкосновено е Volkswagen, кој зафаќа недостижни 21,1 отсто од возачката популација на земјата.

Со оглед дека германската нација е богата не изненадува ниту второто место на Mercedes со 9,4 отсто, но затоа одличното котирање на Opel веднаш зад него со 9,1 отсто е неочекувано. Добро е застапен и Ford (7,3 отсто), додека BMW и Audi се во клинч со 6,9 односно 6,8 отсто.

Дотука сé е јасно, а и понатаму – најдобра од странските марки е Škoda со значително пониски но сé уште високи 4,8 отсто, зад која топ-10 листата ја пополнија уште Renault (3,7 отсто) и Hyundai и Toyota со идентични 2,7 отсто.

Ниту на листата на најпопуларните модели на автомобили нема никакви изненадувања – уверете се и сами:

  1. VW Golf
  2. VW Polo
  3. Opel Corsa
  4. Opel Astra
  5. Mercedes C-класа
  6. BMW серија 3
  7. VW Passat
  8. Audi A4
  9. Ford Fiesta
  10. Ford Focus

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот