СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Конечна одлука: Од 2035 во ЕУ само со климатски неутрални автомобили

 

Залудни беа германските приговори за исклучување од законот на автомобилите кои ќе користат синтетичките, е-горива – ЕК веќе го изгласа законот.

Министрите за енергетика на Европската унија го одобрија законот предложен од Европскиот парламент со кој од 2035 година се дозволува регистрација само на автомобили кои не испуштаат гасови штетни за климата.

На инсистирање на Германија, гласањето кое во законодавниот процес се смета за формалност, беше одложено за неколку недели.

Во таа насока, нивниот министер за транспорт бараше објаснување како по 2035 година може да се регистрираат нови автомобили кои користат само синтетички горива.

Во образложението на министрите на ЕУ за донесените законски одредби се вели дека исклучокот со синтетските горива беше внесен уште од летото минатата година кога и се усогласуваше носењето на законот.

Тоа секако останува како дел од законот, но вистинското прашање гласи, кој ќе развива автомобили со гориво кое сега имаат цена на чинење помеѓу 7 и 8 евра по литар.

Италија, која исто така имаше примедби на законот, инсистираше во него да бидат изземени и возилата кои користат био-горива.

Но и таа иницијатива беше одбиена со образложение дека и при нивното производство се ослободуваат значајни количини на CO2.

Тоа значи дека целиот законодавен процес за забрана на регистрација на нови автомобили (од 2035 год.) кои на било кој начин го загадуваат воздухот, е веќе завршен.

Му се допаѓало тоа некому или не, започнувајќи од 2035 година, ерата на употреба само на автомобили на електрична енергија е веќе законски официјализирана.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV