СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Кинескиот Xpeng започнува со продажба во Европа

 

Многу производители на возила од Кина имаат желба и планови за експанзија во Европа, но малку од нив навистина ја започнале.

Еден од ретките е Xpeng чиј електричен кросовер G3 веќе пристигна на европско тло – за почеток само 100 примероци и само во Норвешка, а понатаму и низ цел континент.

Идната година ќе се помине во скенирање и анализи на кој пазар кога и како да се напредува, по што ќе следат и подготовките за тоа.

Според нивната изјава стратегијата која ја градат предвидува трпение и долгогодишна работа, за воопшто да имаат успех во пласманот на својот прв модел.

А тој со изглед многу сличен на Tesla Model X но помал од него, со едно полнење на батериите од 66 kWh може да помине околу 450 km.

Меѓу другото е опремен и со систем за автономно возење од, како велат Кинезите ниво 2.5, а има можност и за самостојно паркирање.

Првите купувачи на Xpeng G3 ќе ги добијат своите возила за кои имаат платено по 358.000 круни (34 илјади евра) уште овој месец.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот