СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Кина и сé е можно

 

Навистина е така – сите салони на автомобили во целиот свет се ставени на стенд-бај, но не и кинеските.

А на нив се појавува сé што можете и не можете да замислите, па дури и она што не може да го претпоставите.

Концептот X Cannon на Great Wall сепак не е таков – тој е нормален пикап со малку погруб дизајн отколку што е западниот вкус, но затоа со механика која на хартија делува ветувачки.

И пред да прашате да ви одговориме – не постојат никакви планови за негово интернационално лансирање, но ако тоа се случи нема да биде во САД или Европа, туку во Азија и можеби во Австралија.

Како и да е, кој ќе се одлучи за него ќе добие робусна механика преземена од теренските возила на кинескиот производител која се карактеризира со ретко но квалитетно решение на ослонувањето со двојни попречни рамења напред и назад.

Дополнето со опционалното воздушно ослонување, тоа на X Cannon ќе му даде ултимативни теренски својства кои ретко кој ќе може да ги предизвика.

Дизајнот нема да го дискутираме, а погонската група треба да биде 3,0 литарски турбо V6 кој развива 350 KS и 500 Nm, спарен со деветстепен автоматски менувач кој силата ја пренесува на сите четири тркала.

Се споменува и хибридна варијанта со електромотор интегриран во менувачот, но …

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот