Качувањето со патничко моторно возило преку бетонски рабник (тнр „ивичник“) го „убива“ подвозјето а при тоа може и да ги оштети алу-бандажите. Во ваквите ситуации посебно се загрозени 17, 18, 19 и повеќе инчни алуминиумски бандажи, поготово опремени со ниско профилни пневматици, па според тоа, прочитајте ги советите а качувајте се преку рабник само ако тоа е навистина потребно.
Качувањето преку рабник, предизвикува силно динамично оптоварување на витални делови на возилото како што се: амортизерите, спиралите, зглобовите, лежиштата, лименото подвозје, при што се пореметрува и „геометријата“ на тркалата, а со самото тоа се загрозува и безбедното управување со возилото.
Заради тоа, избегнувајте такви маневри а ако пак морате тоа да го направите, тогаш качувајте се многу пополека и тоа под агол од 45° степени. Полека дојдете до рабникот со тркалото и запрете. Многу споро извршете го качувањето, а додека кај спуштањето држете ја ногата на сопирачката и благо притискајте и попуштајте ја педалата.
Многу е поштетно да се качувате (спуштате) со двете тркала истовремено.
На повисоки рабници, прво качувајте се со погонските тркала, бидејќи обртната сила го смалува оптоварувањето. Немојте да се стеснувате да ги замолите патниците да излезат од автомобилот, бидејќи со тоа исто така се намалува оптоварувањето и можноста за настанување на штета.
Се повеќе автомобили се опремени со автомобилски бандажи, добар дел и заради „шминкерски“ изглед, па претеруваат со димензиите и купуваат 17, 18 и 19 инчни бандажи опремени со ниско профилни пневматици, при што одпосле сфаќаат дека тоа и не била најдобра одлука, поготово кога побрзо ќе налетаат на „лежечки полицаец“, вдлабната или испакната шахта на коловозот или кога заради паркирање треба да се качат преку бетонски рабник.
Тоа преставува ноќна мора за повеќето сопственици на возила со големи алуминиумски бандажи и ако добро ги погледате нивните „рабови“, ќе забележите дека само малку од нив се без видни оштетувања.
Затоа, ги препорачуваме следните совети:
1. Напумпајте ги пневматиците со 0,2 бара повеќе од пропишаното, кога го управувате возилото со полно оптоварување.
2. Секој рабник „варира“ во висина, па добро погледнете каде е најнизок.
3. Замолете ги патниците да излезат од автомобилот.
4. Пријдете му на рабникот полека и под агол од 45° степени и кога ќе го допрете со тркалото – запрете со автомобилот.
5. Воланот завртете го за дополнителни 20° степени кон рабникот и почнете пополека да се качувате со првото тркало и запрете го автомобилот кога следното тркало ќе го допре рабникот.
6. Качувајте се во фази – тркало по тркало.
7.Треба да имате секогаш доволно место за „маневра“, каде при качувањето со предните тркала и нивно прерано завртување во спротивен смер како не би го смалиле „нападниот“ агол на задните тркала а со тоа да го зголемите ризикот од можни – оштетувања.
Пишува: Кузман Дамчевски