СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Интересно

Каква преработка – Mini со V8 мотор!

 

Во светот на исконското, без контаминирање на уживање во возењето, Mini Cooper посебно се цени заради големата сила и краткото меѓуоскино растојание кое обезбедува картинг-искуство.

Кој пробал знае – динамиката што ја има гарантира голема забава во возењето за кое потајно посакувате барем да имаше уште некоја коњска сила повеќе и погон на задните тркала.

Токму тоа ги предизвика и британските ентузијасти од компанијата Powerflex да направат ултимативна верзија на Mini на која никој нема да има што да ѝ замери.

Колкава беше нивната страст нека посведочи тоа што оваа компанија е специјализирана за автомобилски ослонувања, а на реализација на својата идеја потрошија цели четири години.

Се одлучија во него да вградат ни повеќе ни помалку туку 4,0 литарски V8 мотор од претходната генерација на BMW M3 со 420 KS и седумстепен менувач со двојна спојка.

За да воопшто може да се држи за шасијата е искористена предна подрамка од Subaru Impreza STi, а прилагодени и засилени се и ослонувањето, подната плоча и преградата.

И сето тоа без никакви модификации на надворешниот изглед, со еден исклучок – логото на кое место Mini сега пишува Vini.

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Интересно