СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Историска загуба за Renault – осум милијарди во була!

 

Годината 2020-та ќе ја паметиме сите, ама некои, како Renault, малку повеќе.

Според сега објавените резултати од работењето, групата лани забележа историска загуба која се искачи на дури осум милијарди евра.

Причината за тоа директно и индиректно е пандемијата која на Renault му „изеде“ 21,3 отсто од продажбата, односно за три милиони возила помалку.

Најголем дел од загубите се наталожија во првата половина од 2020-тата, вкупно 7,3 милијарди евра.

Гледано од тој аспект негативата од 660 милиона евра во второто полугодие и прометот помал за 8,9 отсто изгледаат како успех.

Заради вака црните бројки групата Renault не ја објави прогнозата за 2021 година, туку само истакна дека има акумулирано резерви во висина од 16,4 милијарди евра, вклучувајќи и четири милијарди кредит за кој гарантираше државата.

Според претходно објавениот план Renault до 2025 година треба да заштеди три милијарди евра, заради што ќе бидат отпуштени 15.000 работници ширум светот.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV