СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Изненадувачка вест од Ford – Хакет отстапува, нов директор е Фарли

Џим Хакет повеќе нема да биде главен извршен директор и претседател на Ford – него ќе го замени Џим Фарли.

Изненадувачката одлука ја соопшти лично Хакет, објавувајќи ги своите планови да се повлече од компанијата на 1 октомври, Како причина го наведува незадоволството на инвеститорите со неговиот план за реструктуирање.

На неговото место ќе дојде сегашниот главен оперативен директор Џим Фарли. Двајцата имењаци заедно ќе работат во наредните месеци за да се обезбеди непречена транзиција на раководењето со компанијата.

Хакет го презеде Ford во мај 2017 година, откако раководството на компанијата не беше задоволно со работата на неговиот претходник Марк Филдс.

Тој е автор на контроверзниот план за реструктуирање со кој Ford помасовно се свртува кон SUV-моделите и пикапите, за сметка на класичните седани. Откако го презеде кормилото, акциите на компанијата загубија скоро 40% од својата вредност.

Џим Фарли е во Ford од 2007 година, одржувајќи се на разни позиции – шеф на Lincoln, главен за глобалната продажба и маркетинг, одговорен за нови бизниси и стратегии, прв човек на Ford Европа… Тој ќе биде трет извршен директор на компанијата во последниве шест години.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV