СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Четвртиот електричен SUV на Mercedes во 2023 година

Компанијата Mercedes-Benz развива цела флота електрични EQ модели, меѓу кои најбројни ќе бидат од SUV сегментот.

Целта на Mercedes е да има богата понуда електрични модели, предводени од кросоверите. Засега таков е само EQC, до крајот на годинава ќе се појават и покомпактните EQA и EQB, а за 2023-тата е планиран и поголемиот EQE.

Неговите маскирани прототипи веќе се појавија на германските патишта, врз основа на кои Англичаните го направија овој рендер каков би требало да изгледа.

Истата ознака ќе ја носи и електричната лимузина голема колку Е-класата, која може да се појави и малку порано.

Ќе има скоро идентичен изглед на предниот дел како и кросоверот, но сé понатаму ќе биде различно.

Освен погонската механика, се разбира, која ќе биде заедничка и за двата модела.

Основа ќе биде новата електрична платформа, која ќе дебитира со лимузинскиот EQS планиран за наредната година.

За нив Mercedes ќе понуди различни пакети батерии, кои за EQE ќе имаат максимален капацитет од 100 kWh и автономија од дури 700 километри. Приоритет во развојот се можностите за нивно брзо полнење – за конкретниот пример се споменуваат 80 отсто од капацитетот за 20 минути.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV