СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Збогум на алкохолот зад воланот во САД

 

Американските власти ќе воведат технологии за спречување на возење во пијана состојба.

Тие пасивно ќе го следат однесувањето на возачот за да се утврди дали е способен за возење, односно дали концентрацијата на алкохол е превисока.

Меѓу сé друго вклучувајќи ги и милијардите за електричните возила, и ова е предвидено со обемниот закон за инфраструктурата кој чека на потпис на претседателот Бајден.

Според него, смртните случаи во возење под дејство на алкохол претставуваат отприлика третина од сите смртни случаи на патиштата во САД.

А тоа воопшто не е малку – само во 2019 година се случиле 10.142 сообраќајни несреќи со фатални последици кои вклучувале возачи со над 0,8 промили колку што е дозволеното ниво на алкохол во крвта во САД.

Затоа законот истакнува дека напредните технологии за спречување на возење во пијана состојба мора да бидат стандардна опрема во сите нови патнички возила.

Засега прецизен датум за нивно воведување не е одреден – предвиден е период од три години за воспоставување и уште три за прилагодување на производителите на возила. Според проценките, може да се спречат повеќе од 9.400 смртни случаи годишно.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот