СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Нов кросовер на Honda за „таму некаде“ [видео]

 

Европјаните имаат причина да се лутат на Honda – додека нам ни се нудат само HR-V и CR-V, „таму некаде” SUV понудата на марката е поинтересна.

После втората генерација на BR-V претставена пред некое време, Honda за југоисточните азиски пазари подготвува и негова купе изведба.

Во неа идната година треба да се преточи концептот со едноставна ознака RS покажан на салонот на автомобилите во Индонезија.

Овој димензиски помал SUV со 5 седишта е дизајниран во Тајланд и има преземено некои стилски елементи од „нашиот” HR-V.

Се очекува да биде задвижуван со 1,5 литарски четирицилиндричен атмосферски бензинец со 121 КС, спарен со петстепен мануелен или CVT менувач.

Погон на сите тркала нема да има, а серискиот модел кој нема да стигне во Европа, иако не е потврдено, би можел да ја носи ознаката ZR-V.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот