СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Започнува реконструирањето на улицата Орце Николов

 

Како што беше најавено уште од поодамна, од наредната недела започнува реконструирањето на улицата Орце Николов.

Првата фаза од работите на оваа една од најпрометните улици во општина Центар но и во Скопје стартува со отстранувањето на дрвените бандери и откако кабловските оператори завршија со преместувањето на каблите и инсталациите под земја.

Во оваа фаза е предвидено целосно затворање на улицата од крстосницата со булеварот Св. Климент Охридски до пред крстосницата со улица Аминта 3-ти.

Заради тоа на оваа улица на делот до булеварот Партизански одреди повторно ќе се воведе двонасочен режим на сообраќајот.

Целта на реконструкцијата е да се зголеми безбедноста преку воведување на физички мерки за смирување на сообраќајот, а ќе се даде и поголем приоритет на пешаците и ќе се воведат велосипедски ленти.

Додека трае првата фаза паркирањето на улицата Орце Николов ќе биде забрането, а на останатата улична мрежа сообраќајот останува по постојниот режим.

Целосната реконструкција на улицата ќе биде поделена во шест фази, од кои секоја ќе опфаќа посебен дел од улицата.

Реконструкцијата ќе опфати површина од вкупно 7.182 квадратни метри и се очекува да биде готова до јули, а целиот зафат ќе чини нешто над милион евра.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг