СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Женева се враќа идната година

 

После две години принудна пауза, организаторите на салонот на автомобилите во Женева најавија негово враќање идната година.

Последиците од забраната на швајцарските власти за одржување на салонот во Женева во 2020 година три дена пред неговиот почеток по сé изгледа се надминати.

Организаторите на салонот испратија јавен повик до изложувачите да го пријават својот интерес за да можат да започнат да го планираат настанот.

Но за разлика од лани кога сите лоши детали за проблемите со кои се соочија беа познати, сега нема ниту збор за тоа како се надминати.

Наместо тоа, тие за овој најпознат автосалон во светот најавуваат нов датум – тој сега ќе се одржи две недели порано – од 19 до 27 февруари 2022 година.

Подготвен е и нов формат за целата манифестација, за која засега се знае само дека ќе претставува возбудлива еволуција  на изложбата која значително ќе се разликува отколку досега.

Што точно мислат со тоа први ќе бидат запознати потенцијалните изложувачи а потоа и јавноста, заради што повеќе детали се најавени за наредните недели.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот