СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

ЕУ ги заострува тестовите за емисиите за плаг-ин хибридите

 

Отсекогаш било познато дека лабораториските мерења значително се разликуваат од резултатите во реалноста.

Тоа посебно важи кај плаг-ин хибридите заради нивната комбинација на двата погона, заради што ЕУ има намера да го измени начинот на нивното тестирање.

Истражувањата на европските регулатори открија дека корисниците на вакви автомобили многу ретко поминуваат по сто километри.

А токму на толкав поминат пат се базираат тестовите, заради што во нивните спецификации среќаваме дека имаат потрошувачка од некои 2 или 3 литри гориво.

Вистинската потрошувачка би се добила ако во обзир се земе и струјата која возилото ќе ја потроши додека се движи само на електричен погон.

Тоа најчесто е околу 50 километри, така што грубо кажано, наведените 2 или 3 литри гориво не се за 100 туку за престанатите 50 километри.

Токму на оваа забуна, или поточно кажано информациите на производителите кои создаваат забуна кај купувачите, ЕУ сака да ѝ стави крај.

Како ќе го изведат тоа, допрва ќе дознаеме.

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот