СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Анализи

Електриката се поприсутна во Европа – дизелите тивко заминуваат

 

Во првиот квартал од 2025 година, продажбата на нови батериски електрични автомобили (BEV) порасна за 23,9%, на 412.997 единици, заземајќи 15,2% од вкупниот пазарен удел на ЕУ.

Продажбата на нови автомобили на европскиот пазар, во однос на истиот период од минатата година, бележи благ пад од 1,9%.

Но многу порелевантен е фактот што структурата на продадените автомобили суштински се менува.

Покрај очекуваните осцилации на продажбата предизвикани од индустриската револуција, сепак трендот на префрлање на возила на електричен погон покажува значаен раст.

Тоа го потврдуваат бројките од првиот квартал за 2025 година, според кои продажбата на електрични возила во Европа значително се зголеми. Батериските електрични возила (BEV) достигнаа пазарен удел од 17%, што претставува зголемување од 3.7 процентни поени во споредба со истиот период претходната година.

Три од четирите најголеми пазари во Европа апсорбираа 63% од сите продадени EV: Германија (+38,9%), Белгија (+29%) и Холандија (+7,9%). Само во Франција продажбата бележи пад од 6,6%.

Вкупниот пад на продажбата во ЕУ се должи на намалениот интерес за бензинци (20,6%) и автомобили со дизелски агрегати (27,1%).

Со тоа продажбата на нафташите, во првиот квартал од годината, падна на пазарен удел од само 9,5%.

Како резултат од овие поместувања, BEV возилата сега сочинуваа 15.2% од новите регистрации на автомобили во првиот квартал.

Растот на продажбата на хибридите и plag-in возилата ја дополнуваат сликата на општиот тренд на електрификација на продадените нови возила во првиот квартал од годината.

Овој раст се должи на зголемената понуда на достапни електрични модели, како што е новиот Renault 5, и на зголемената конкуренција од кинески производители како BYD, кој во април 2025 година за првпат ја надмина Tesla во продажбата на електрични возила во Европа.

И покрај овие позитивни трендови, некои земји, како Франција, забележаа пад во пазарниот удел на BEV возилата, од 22.4% во четвртиот квартал од 2024 година, на 17.5% во првиот квартал од 2025 година.

Сепак, генерално, европскиот пазар на електрични возила продолжува да расте, поттикнат од регулаторни промени и зголемена понуда на достапни модели.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Анализи