СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

ЕУ ќе вложи 45 милијарди евра во производство на чипови

 

Големата криза со испораката на чипови што ја погоди автомобилската индустрија ги запали светлата за тревога во Европа.

Таа ја покажа нејзината ранливост бидејќи далекуисточните конкуренти, посебно јужнокорејските, се снајдоа многу подобро.

Заради тоа европската комисија работи на посебен закон со кој ќе се регулира вложувањето од дури 45 милијарди евра во нивно производство.

Долгорочната цел е да не се дозволи стратешки европските индустриски гранки да зависат од можностите или расположението на други.

Краткорочно, пак, со зголемувањето на производството на чипови ќе се зголеми европското учеството од сегашните 9 на 20 отсто.

Една третина од најавените 45 милијарди евра ќе бидат наменети за јавни и приватни фондови, а остатокот ќе отидат кај веќе предвидени програми.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот