СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Го помина ли Stellantis во Европа Volkswagen?!

 

Откако се дозна дека на светско ниво Toyota ланската година ја заврши поуспешно од Volkswagen, следи уште еден шамар за марката од Волфсбург.

Беше јасно дека двата најголеми производители на автомобили во Европа ќе водат неизвесна битка за пазарот во 2021 година, но сите типуваа на Германците.

Сепак, според пазарната анализа на компанијата Dataforce, победникот е Stellantis кој лани пласирал за само 693 возила повеќе од Volkswagen.

Доказот дека тронот е презеден тие го најдоа во продажните податоци од 31 земја, односно цела ЕУ плус Велика Британија, Швајцарија, Норвешка и Исланд.

Според нив, во овие земји Stellantis има продадено точно 3.161.594 патнички и комби возила, а Volkswagen 3.160.901.

Клучниот момент лежи во вклучувањето на доставните возила во продажбата, каде француско-италијанската коалиција е значително подобра.

Овие податоци во ваков формат сепак не се верификувани со официјални бројки ниту од Stellantis, ниту од Volkswagen.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот