СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Европската Унија ги заострува CO₂ нормите

Деценијата што следи ќе биде тешка за производителите на возила.

Не е чудо што Јапонците започнаа да бегаат од Европа – тие како да знаеја што подготвува европската администрација.

Според написите на германските медиуми потврдени од официјални извори, европската комисија има идеја дополнително да ги заостри прописите за чистотата на издувните гасови.

Планот е во периодот од 2021 до 2030 година количината CO₂ што ја испуштаат возилата по поминат километар да се намали за 50% наместо 37,5% како што беше претходно.

Бидејќи развојот на бензинските мотори веќе е доведен на високо ниво, на тоа автоматски значи дека производителите на возила уште посилно ќе мора да се свртат кон плаг-ин хибридите и електромобилите.

Дизелите иако почисти во поглед на количините CO₂ во издувните гасови, веќе се отпишани.

Овие мерки сигурно ќе ја изменат сегашната слика во продажните салони за автомобили, но ќе удрат силно и врз воспоставените индустриски релации, посебно во земјите како Германија, каде голем број добавувачи на производителите живеат од компонентите за моторите со внатрешно согорување.

Веќе од порано постојат анализи дека со зголеменото учество на електричните возила во продажбата ќе се намали и бројот на вработени во авто-индустријата.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV