СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Дури 132 милијарди долари заеми за авто-индустријата

За да се справат со ударот на корона-кризата, автомобилските компании од март наваму имаат позајмено дури 132 милијарди долари.

Затворените фабрики и драстичното опаѓање на продажбата на нови возила ги чинеше авто-компаниите 79 милијарди долари нови кредити, додека преостанатите 53 милијарди се повлечени од старите кредитни линии, велат финансиските аналитичари.

Според нив, иако наближува рокот кога овие силни пари треба да започнат да се отплаќаат, тоа нема да биде можно, барем не за скоро сто милијарди долари од нив.

Во тој случај, за да ја задржат ликвидноста, автомобилските производители ќе мора да побараат репрограмирање на долговите или пак нови заеми за да ги вратат старите.

Најдлабоко во банкарските портфолија заглавија европските производители, со повеќе од половината од вкупната сума одобрени кредити во вториот квартал годинава.

На азиските пак им беа доволни само дваесетина отсто, додека преостанатото отиде кај американските авто-компании.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV