СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

До каде сме со електрификацијата?

 

Сé поголемата присутност на е-возилата го наметнува прашањете за тоа колку е нашето општество подготвено за прифаќање на новата реалност.

Ни се допаѓало тоа или не, иднината им припаѓа на електричните возила.

Минатите дваесетина година започна цртањето на контурите на електрификацијата кои потоа се преточија во стратегија на водечките индустриски земји.

Иако веќе длабоко навлезени во тековите на електрификацијата, сеуште постојат силни отпори кон новите технологии.

Опортунисти има насекаде, и тоа е разбирливо. Светските стратези сериозно сметале со тие реакции, но тоа не им преставува пречка за интензивирање на вложувањата во новите технологиии. На секој упатен му е веќе кристално јасно, враќање назад нема.

Гледано од локален аспект, ние можеме да се сложуваме или не, но што со тоа? Колку побрзо ја прифатиме новата реалност, толку побргу ќе фатиме приклучок со развиениот свет.

Поттикнувач на сите промени би требало да бидат властите. И, ете,  веднаш проблем. Зафатени (секогаш, нели?) со многу поважни прашања, никој нема време ниту минимално да се посвети на автомобилската иднина.

Од друга страна, моментно на нашиот пазар се нудат над 35 основни е-возила, на кои кога ќе се додадат варијациите на тема: капацитет на батерија, силина на мотор и врсти на погон, бројката се триплира. По наша проценка, бројот на е-модели на домашниот пазар експоненцијално ќе се зголемува.

Домашните импортери интензивно работат на застапување на кинските гиганти кои веќе имаат во понуда четвороседи со четири врати и со автономија од над 300км. Цената на нашиот пазар би требала да биде на ниво на најмалите бензинци, односно под 15К евра.

И како нашето општество ќе одговори на престојното цунами од е-возила? Никако, ама баш никако!

Субвенции при купување, кредитирање, олеснувања, еколошки стимулации, … Ништо. Апсурдот оди до таму да поради монополскиот однос на EVN ниту еден субјект не смее да наплатува полнење на батериите.

Кога тоа се знае, станува излишно да говориме за изградба на јавна инфраструктура за полнење.

А премногу паметни не мора да се правиме, доволно е да погледнеме што прават земјите кои веќе имаат стекнато драгоцени искуства во областа.

Ако сакаме да се правиме дека „не сме од тука“ тоа е друга работа, ама барем да се објавеше таа државна стратегија, па да промуабетиме малку со аргументи.

Инаку, прашањето, до каде сме со електрификацијата, многу бргу ќе ни биде поставено. Заедно со тој одговор ќе треба да се објасни и нашиот став спрема екологијата, зачувувањето на природата, контролата на загадувањето и уште серија слични прашања.

Само за потсетување: според донесената регулатива на ЕУ, автомобили со внатрешно согорување ќе може да се продаваат само до 2035 година. Според сите најави најголемиот дел производители тоа ќе го стори пет години порано, до 2030 година.

Ќе ги возиме тогаш нивните стари автомобили, е прва мисла која му паѓа на ум на итриот балканец. Проблемот е што загадувањето и глобалното затоплување не ги почитуваат државните граници.

Свесни за тоа во Европската комисија реагираа со конкретни мерки. Веќе е покрената иницијатива според која европските држави нема да смеат да ги продаваат своите стари возила надвор од Унијата, туку ќе мора да ги уништуваат.

Светот се менува со драматична брзина, автомобилите исто така. Да се повториме уште еднаш, ни се допаѓа тоа или не, иднината им припаѓа на електричните возила.

По се изгледа ќе мора да реагираме. Како држава, како граѓани, како возачи, како луѓе. Како цивилизирано општество.

 

 

Агрон Сулејман

 

 

Агрон Сулејман

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV