Наше мислење
Додека електрификација станува реалност ние сеуште се сомневаме за обликот на планетава
-
-
од
Autoinfo.mk

Поради големиот број коментари кои ги добивме минатите објави, а во врска со електрификацијата, чувствуваме потреба да го прикажеме контекстот во кој се одвива тој процес.
Четвртата автомобилска револуција е во полн ек. На сцена се електричните возила кај кои акцентот е ставен на одржлива мобилност, дигитализација и автономно управување.
Како и сите досегашни технологии кои ја револуционизирале автомобилската индустрија, така и тековната, ако не и многу повеќе од нив, ги возбудува духовите. И огромните количини на вложени средства.
Нормална појава кога се работи за една од водечките светски индустрии, мешањето на картите не им одговара на сите подеднакво. Додека новите играчи гледаат убава шанса за пробив на пазарите, поконзервативните елементи (традиционалните производители) се чувствуваат загрозени од промените.
На светско ниво, последните години се произведуваат над 90 милиони нови возила годишно, па јасна е намерата на производителите да се заземе што поголем дел од тој колач.
Дефинитивно, електрификацијата неодложно ќе биде дел од иднината на автомобилското живеење. Така одредиле светските стратези – враќање назад нема.
Во игра се влезени големи средства, и тоа од страна на највлијателните светски економии, па повеќе од јасно е дека секој ќе гледа да си го врати вложеното преку пласман на своите нови технологии. Големото инвестициско тркало се врти со голема брзина.
Најчесто кога пишуваме за електрификацијата добиваме коментари кои баш и не соодвествуваат со реалноста, а воглавно се должат на неинформираност.
Водени од информации, најчесто пласирани од засегнати страни или од платени медиуми, се даваат сопствени судови за новите технологии. Ние како редакција ја имаме таа комоција да разгледуваме факти од повеќе релевантни извори, и врз основа на нив да носиме наши заклучоци.
И да биде веднаш јасно: НИКОЈ за тоа не нé плаќа. Ова го работиме водени од професионална желба за објективно информирање за теми кои можеби во моментот изгледа како да не нé засегаат, но во (блиска) иднина ќе бидат дел од нашето секојдневие.
И уште ова да биде јасно: НИКОЈ за тоа, нас како држава, нема да не прашува ама баш за ништо. Слободно може и понатаму да си сакате дизели, рачни менувачи, резонантни ауспуси,… ама, за жал, нема повеќе да ги има.
Во салоните за нови возила ќе се нуди тоа што ќе се произведува, а тоа секако нема да бидат автомобили со дизелски мотори (веќе и сега се реткост) или со чисто бензински агрегати.
Веќе сега дилемите се сведуваат на типот на хибридната технологија, по краток период ќе мора да бираме помеѓу разни бензинци со „плагин“ технологија, за да конечно (помеѓу 2030 и ’35 год) дојдеме до чисто електричните возила.
Ако се погледне понудата на нови возила кои се нудат по домашните салони лесно ќе се забележи дека на ценовните листи понудата на електричните веќе ја надминува дизелската понуда, а нема веќе бензинци без некакво ниво на електрификација.
Тоа е реалноста. Кој, како, кога и во кој обем ќе биде подготвен за прифаќање на новите технологии, толку подобро за него.
Од европските земји, скандинавските држави први ја сфатија играта, германците и французите (големи производители на класиката) на почетокот силно се опираа (и ја дезинформираа јавноста) за да сега полека ја прифаќаат новата реалност.
Останатите европски држави водат малку хаотична политика во прифаќањето на електрификацијата. Често ги менуваатт субвенциите и поддршката при купување, но во принцип ја завршија фазата на спротивставување и игнорирање.
А каде сме ние? Ние сме во фаза на објаснување на фактите со индивидуална перцепција (сосема без аргументи) на новите технологии. Ќе нема доволно ел. енергија, нема полначи, производството не е чисто, батериите се штетни,… за овие вистини и заблуди наскоро ќе пишуваме подетално.
Во општ занес на носталгија, во суштина сеуште не сме ја надминале фазата на величење на вредностите на Golf 2 Diesel, или ако го пресликаме тоа на мобилните телефони, можеби на Nokia 3310.
Ако, може и така, се додека не нé удри по глава некоја уредба со која драматично ќе ни се смени мајндсетот.
На крајот да повториме уште еднаш: НИКОЈ не нé плаќа за овие наши ставови и мислења. Секако, ја оставаме можноста и за погрешна проценка на состојбите.
P.S. Текстов е поради многуте коментари од тој вид кои во иднина, со чиста совест, ќе ги бришеме.
текст: Агрон Сулејман

Интересно
-
Совети
/ пред 2 неделиВреме на одмори – патувајте подготвени
Според убавата традиција, крајот на школската година означува почеток на зголемена мобилност на...
Од Autoinfo.mk -
Анализи
/ пред 3 неделиДали сме подготвени за електрификација, и зошто не?
Светските трендови се јасни: построгите норми за издувни гасови недвосмислено водат кон електрификација...
Од Autoinfo.mk -
Тестови
/ пред 3 неделиVolvo XC90 T8 Ultra Dark: Амбасадорска генетика
Редизајнираниот знаменосец на Volvo го красат шведска елеганција и најсовремена хибридна технологија. Го возевме...
Од Autoinfo.mk