СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Данска воведува електронски возачки дозволи

Возачите во Данска повеќе не мораат со себе да носат возачка дозвола, туку им е доволен и мобилен телефон.

Во оваа европска држава е креирана апликација која возачот треба да ја инсталира, да се најави на неа и да го скенира својот пасош.

За апликацијата која се вика Kørekort не мора да се користи исклучиво мобилен телефон, туку било кој дигитален уред кој може да вчита.

Засега најголем недостаток е што подржува само дански пасоши, што значи дека странците, дури и оние што имаат дански возачки дозволи, не можат да ја користат.

Полицајците ќе можат да ја проверуваат валидноста на оваа дигитална возачка дозвола со скенирање на QR код, без воопшто да го земаат телефонот од рацете на возачот.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV