
Светските трендови се јасни: построгите норми за издувни гасови недвосмислено водат кон електрификација на возилата.
Сведоци сме на интензивна електрификација која се одвива и покрај големите предизвици.
Веројатно говориме за најдраматичната технолошка револуција од кога постојат автомобилите.
И да нема дилеми: нема позначајна нација која на некој начин не е вклучена во промените кои водат кон масовна употреба на електричната енергија – поготово нема такви помеѓу производителите на автомобили.
Да се разговара околу овие аргументи е вистинско губење време. И најголемите скептици веќе се покоруваат на усвоените технолошки насоки. Зголемената продажба на чисто електрични, а поготово електрифицирани (plag-in) возила е евидентно на сите големи пазари.
И нормално, секаде има отпори за премин кон новите енергии, но опортунизмот е во самата природа на луѓето и затоа тие индивидуални отпори се рабирливи.
Во принцип државите го контролираат интензитетот на промените со примена на разно разни стимулации и субвенции. Едноставно: поголеми сувбенции-поголема продажба.
Токму такви субвенции кај нас – НЕМА! Всушност ние и немаме некаква стратегија за тоа како би требало да се одвива процесот на моторизација на нацијата.
Се е сведено на стихија и моментални партиско-изборни интереси. Тоа е најважната димензија на настаните. Од друга страна, далкеу понемоќни, се увозниците на возила. Тие во својата понуда мора да вклучат и дел од EV-програмата на брендовите кои ги застапуваат.
На страна фактот како и со кој квалитет тоа го прават, но ете, приморани се.
Во моментот имаме понуда на над осумдесетина основни електрични возила, но гледано од потрошувачка перспектива имаме „системска неинформираност“ околу условите за купување, употребната вредност и начинот на финкционирање на системот за полнење на тие возила.
Накратко, на нашиот пазар, во отсуство на систем, владее стихија – кој купил EV самиот нека му ја мисли како и каде ќе ги полни батериите. Државните иснтитуции не играат во тој филм. Нема никаква активност ниту околу елементарното информирање на граѓаните.
Да, повремено од властите (локални и државни) ќе слушнеме дека се планира купување на електрични автобуси, но да не се лажеме, тоа е само чиста пропаганда. Можеби токму таа инситуцијална индиферентност е главната причичината за неиформираноста и заблудите кај просечните купувачи.
И сега дали да се купи електрично возило? Во вакви услови, нашиот одговор е краток и јасен – НЕ.
Објаснувањето е прилично предвидливо: државата на ниту еден начин не го едуцира населението, а не, пак, да го промовира или скраја било, да го субвенционира купувањето и да ја олесни употребата на електрични возила.
И без разлика на нашите желби да возиме големи дизели со по двесте-триста коњи, тие како нови возила веќе се отстрануваат од понудата. Euro 7 нормите против загадувањето кои стапуваат на сила годинава, значат премин кон електрификација и дефинитивно гасење на дизелската понуда.
Нивната замена доаѓа во вид на нови, ефикасни и електрифицирани турбо-бензинци.
А да се надеваме на некоја нестандардна понуда (возила за некои други пазари) нема шанси поради екстремно малиот пазар, и уште помалиот број земји кои би ги имале истите критериуми, поточно: би немамале никакви еколошки, како нас.
Накракто, штом застари автомобилскиот парк, нема да може да рачунаме на обновување со нам драгите и мили дизел/бензиски модели. Такви ќе нема во понуда.
Затоа, почитувани мои пријатели, без разлика кој какво мислење има за електрифицираните (и од 2035 год. за чисто електричните возила) доаѓа време кога ќе треба да ги промениме автомобилските навики. Да не се залажуваме, за тоа нема никој ниту да не прашува.
Коментарите од типот: немаме толку електрична енергија, EV загадуваат повеќе од дизелите, батериите се штетни, дизел си е дизел,… се веќе апсолвирани и глупо е да губиме време на нешто што останатите нации успешно го решаваат.
текст: Агрон Сулејман

Интересно
-
Совети
/ пред 2 неделиВреме на одмори – патувајте подготвени
Според убавата традиција, крајот на школската година означува почеток на зголемена мобилност на...
Од Autoinfo.mk -
Анализи
/ пред 2 неделиДали сме подготвени за електрификација, и зошто не?
Светските трендови се јасни: построгите норми за издувни гасови недвосмислено водат кон електрификација...
Од Autoinfo.mk -
Тестови
/ пред 3 неделиVolvo XC90 T8 Ultra Dark: Амбасадорска генетика
Редизајнираниот знаменосец на Volvo го красат шведска елеганција и најсовремена хибридна технологија. Го возевме...
Од Autoinfo.mk