СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Голем интерес за ниско буџетното електрично возилце на GM

 

General Motors vо соработка со кинескиот партнер SAIC само во првите 20 дена успеа да продаде 15 илјади единици од ниско буџетското електрично возилце.

Американците од GM одлично оперираат на најголемиот светски пазар. Во соработка со кинескиот партнер SAIC присутни се речиси во сите сегменти.

На тамошниот пазар најголемиот дел на хибридни и електрични седани, моноволумени, и миниванови на заедничката компанија се пласираат под брендот на Buick.

Очекуван беше и потегот на пазарот да се пласира ниско буџетен мал автомобил со нулто загадување. Наречен е Hong Guang MINI а ќе се продава под беџот на Wuling.

Малиот четрисед има автономија од 120 километри, а може да се движи со максимална брзина од 105 км/ч.

И најважното: цената на кинескиот пазар е поставена на 28.800 јуани, односно 4.162 долари.

Дали некој после ова ќе биде изненаден од огромниот итерес кој владее за овој четирисед?

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV