СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Во Германија на големо се инвестира во водородот како погонско гориво

 

Додека сите автомобилски производители, речиси без исклучок, се вртат кон електриката, само два од нив нудат возила со погон на водород – Hyundai и Toyota.

Причините се познати – од една страна високата цена и малата продукција, а од друга непостоечката инфраструктура за полнење водород.

Германија, како европска па и светска технолошка локомотива која го пробива патот на иновациите кон секојдневието, ќе се обиде да го реши тој проблем.

Според изјавите на водечкиот оператор на станици за полнење со водород, компанијата H Mobility, осигурани се 110 милиони евра за инвестиции.

Најмногу, 70 милиони евра, ќе вложи најголемата светска инвестициска платформа за водород Hy24, а останатите ќе дојдат од Air Liquide, Daimler Truck, Hyundai, Linde, OMV, Shell и Total Energies.

H₂ Mobility моментално има околу 90 станици за водород во Германија и сака до 2030-та година нивниот број да го зголеми на 300.

За споредба, во Германија егзистираат нешто помалку од 15 илјади бензински станици.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот