СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Годинава ја очекуваме новата Honda CR-V

 

Јапонците имаат строг распоред кога е во прашање смената на генерациите и ретко кога отстапуваат.

Според него, годинава е ред Honda CR-V да добие нова генерација која веќе е подготвена.

Доказ се и патентната скица за нејзиниот дизајн од која верно може да се види како ќе изгледа новиот модел.

Сличноста со новиот HR-V е забележлива – тенките предни светлосни групи, исправената линија во висина на струкот – сé освен задниот дел.

Иако не се гледа, тој е налик на сегашниот CR-V и изгледа дека повеќе е тргнат по патот на еволуцијата отколку темелната промена.

Технички информации сé уште нема, но едно е сигурно – погонските групи ќе бидат хибридни, ако не глобално барем во Европа.

Точниот датум кога новата генерација на Honda CR-V ќе биде претставена не е познат.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот