СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Втората европска Алијанса за производство на батерии доби зелено светло

 

Во Алијансата за производство на автомобилски батерии ќе бидат вклучени и BMW и Tesla.

Европската комисија денес (26.01) даде зелено светло за формирање на втората Алијанса за производство на автомобилски батерии.

Во неа ќе партиципираат 42 специјализирани компании од 12 земји членки на Унијата, помеѓу кои се наоѓаат и автомобилските производители, BMW и Tesla.

Веста која ја соопшти германскиот министер за економија а ја пренесе Reuters, побуди голем интерес во јавноста поради фактот што развојот и производството на идната генерација батерии ќе се базира на чисти, еколошки технологии.

Со тоа Европската економија се надева на нов инвестициски импулс, како и отварање на нови 10 илјади работни места во националните економии кои партиципираат во заедничкиот проект.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV