СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Вселенски изглед за комбито на Hyundai

 

Hyundai ја најави новата генерација на своето комби како MPV модел кој отвора нова ера во мобилноста.

Некаде познато како Starex а некаде како H-1, комбито на Hyundai не само што во иднина ќе има ново име, туку ќе биде и сосема поинакво.

Корејците велат дека овој модел кој ќе ја има ознаката Staria ќе биде повеќенаменско возило со вселенски изглед и футуристички иновации за да пружи врвно искуство во возењето со него.

Со поедноставените дизајнерски карактеристики дефинирани со линиите извлечени со еден потег кои го истакнуваат чистиот волумен на каросеријата треба да посочи кон своите вредности ориентирани кон иднината.

Staria треба и да ја одрази преданоста на Hyundai да ја предводи мобилноста со мноштво паметни решенија, заради што ќе биде опремен со разни функционалности кои ќе им овозможат на патниците времето во него да го поминат продуктивно.

Повеќе детали за овој модел кој ќе биде достапен на одбрани пазари Hyundai треба да објави во текот на наредните недели.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV