СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Во Србија се чека и до 20 дена за технички преглед

 

По три години преоден период, во Србија се воведоа нови, далеку поригорозни правила за техничките прегледи на возилата.

Но освен што голем број возила не можат да го поминат техничкиот преглед заради ситни недостатоци кои до скоро никој не ги гледал, проблем имаат и возачите со целосно исправни возила.

Тоа е затоа што нови правила (и нови инструменти) има и за станиците за технички прегледи, кои не можеа целосно да се прилагодат и дел од нив не функционираат.

Оние пак што работат мора да одвојат најмалку по 35 минути за преглед на едно возило кој се снима со камера, што создаде хаос во целата постапка.

Ваквата ситуација – ист број возила од кои некои се враќаат од технички преглед и помалку станици кои сега можат да прегледаат помалку возила за истото време, наложуваше воведување на систем за закажување.

Тоа неминовно доведе до создавање редици долги неколку дена, а во некои делови на Србија дури и до 20 дена.

Повештите веќе инвестираат во удвојување на линиите за технички преглед.

О друга страна на сите им е јасно дека ваквата ситуација ќе потрае, посебно што голем број возила заради недостатоци не можат да го поминат од прв пат. А потоа се знае, целата процедура мора да се повтори.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот